Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 17

17
Осија, цар на Израел; освојувањето на Самарија
1Осија, синот на Ила, стана цар во Самарија над Израел во два­наесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Ахаз и царуваше девет години, 2а го вршеше она што не беше правилно пред очите на Господ, но не така, како израелските цареви што беа пред него. 3Против него се крена асирскиот цар Салманасар, и Осија му стана потчинет, та му даваше данок. 4Асирскиот цар забележа кај Осија заговор, зашто тој беше испратил пра­теници кај египетскиот цар Со и не му даваше данок на асирскиот цар секоја година; тогаш асирскиот цар го зеде под стража и го затвори во темница. 5И се крена асирскиот цар против целата земја, се приближи до Самарија и ја држеше под опсада три години. 6#15,29; 5 Мојс 28,36; Ос 9,3; Амос 5,27Во деветтата година од владеењето на Осија, асирскиот цар ја презеде Самарија, ги пресели Израелците во Асирија и ги насели во Халах и покрај реката Хавор во Гозан, и во градовите мидиски.
Причини за рушење на израелското царство
7 # 2 Мојс 32,4.8; 3 Мојс 11,45; 5 Мојс 20,1; Ис.Н. 24,14-24; Суд 2,1; 6,8; 1 Сам 8,8; 10,18; 12,6; 2 Сам 12,28; Ер 2,6; 11,7; 16,14; 23,7; Амос 2,10; 3,1; 8,7; Мих 6,4; Пс 81,10 Но тоа дојде, затоа што Израело­вите синови почнаа да грешат пред Господ, својот Бог, Кој ги изведе од египетската земја, од раката на египетскиот цар – фараонот, и почнаа да почитуваат други богови, 8#3 Мојс 18,3и да постапуваат според обичаите на народите, кои Господ ги беше избркал пред лицето на Израеловите синови, и според обичаите на израелските цареви, како што тие постапуваа. 9А почнаа Израеловите синови да прават лоши работи пред Господ, својот Бог, си подигнаа идолски свети­лишта по сите свои населби, и тоа, почнувајќи од стражарската кула, па сѐ до утврде­ните градови. 10#5 Мојс 12,2И си поставија идоли и светили­шта на секој повисок рид и под секое зелено дрво, 11и кадеа таму по сите идолски светилишта, како народите што ги беше избркал од нив Господ, и правеа лоши работи што Го разгневуваа Гос­пода, 12и им служеа на идолите, за кои им беше говорел Господ: „Не правете го тоа!“ 13#Ер 18,11; Ез 33,11Тогаш Господ преку сите Свои пророци, преку секој гледач го опоменуваше Израел и Јуда, велејќи: „Вратете се од лошите патишта и пазете ги заповедите Мои, наредбите Мои, цели­от закон што сум им го наложил на татковците ваши, и што сум ви го пре­дал преку слугите Мои, пророците.“ 14Но тие не послушаа и останаа тврдоглави, какви што беа и нивните тат­ковци, кои не веруваа во Господ, својот Бог; 15#13,23; 5 Мојс 29,25тие ги презреа наредбите Негови и заветот Негов што Тој го беше склучил со нивните татковци, и откровенијата Негови, со кои им беше посведочил, па тргнаа по патот на празноверието, – и самите станаа празноверни, како што и околните народи, за кои Господ им беше заповедал да не постапуваат како нив. 16Тие ги отфрлија сите заповеди на Господ, својот Бог, си направија изле­ани идоли на две телиња, си направија и столбови на Ашера, и се поклонуваа на сета небесна војска, му служеа и на Ваал, 17ги пренесуваа преку оган сино­вите свои и ќерките свои, се оддадоа на га­тање и магии и правеа зло пред очите на Господ, и Го разгневуваа. 18Затоа Господ силно се разгневи на Израелците и ги отфрли од лицето Свое, така што остана само едно Јудино племе. 19Но и Јуда не внимаваше на запо­ведите на Господ, неговиот Бог, и пос­тапуваше според обичаите на Изра­елците, како што постапуваа тие. 20И Господ се одврати од сите потомци на Израел, ги понизи и ги предаваше во рацете на ограбувачите и, најпосле, ги отфрли од лицето Свое. 21#1 Цар 12,26-33Израелците се беа отцепиле од Да­видовиот дом и го беа зацариле Нава­товиот син Јеровоам. Јеровоам ги оттргна од Господ и ги наведе на голем грев. 22И синовите Израелови одеа во сите гревови на Јеровоам, какви што тој ги правеше, и не отстапуваа од нив, 23додека Господ не го отфрли Израел од лицето Свое, како што беше говорел преку сите слуги Свои, пророците. И Израел беше преселен од земјата своја во Асирија, каде што е и до денес.
Потеклото на Самарјаните
24 # 15,29 Асирскиот цар доведе луѓе од Вавилон, и од Кута, и од Ава, и од Хамат и од Сефарваим и ги насели во самарјанските градови, место Изра­еловите синови. И тие ја запоседнаа Самарија и почнаа да живеат во гра­довите нејзини. 25И бидејќи во почетокот, кога се населија таму, тие не Го почитуваа Господа, тогаш Господ им испраќаше лавови што ги давеа. 26Му јавија на асирскиот цар и рекоа: „Народите што си ги преселил и насе­лил во самарјанските градови, не го знаат законот на Бога од таа земја, и затоа Тој им испраќа лавови, и ете, тие ги дават, зашто не го знаат законот на Бога од онаа земја.“ 27И асирскиот цар заповеда и рече: „Испратете таму еден од свештени­ците што ги иселивте оттаму; нека оди и нека живее таму, и тој ќе ги просвети во законот на Бога на онаа земја.“ 28И дојде еден од оние свештеници што беа преселени од Самарија, и живееше во Ветил, и ги учеше, како да Го почитуваат Господа. 29Но секој народ си направи и свои богови и ги постави во идолските светилишта по височините, кои си ги направија жителите од Самарија, секој народ во градовите свои, каде што живееше. 30Вавилонците направија Сукот-Бе­нот, жителите на Кута-Нергал, жите­лите на Хамат-Ашима, 31Авијците на Нивхаз и Тартак, а Сефарваимците ги изгореа во оган синовите свои во чест на Адрамелех и Анамелех, богови на Сефарваим. 32Меѓутоа, Го почитуваа и Господа и поставија од средината своја свеште­ници по нивните светилишта, и тие вршеа служба во нив. 33Тие Го почитуваа Господа, но на боговите свои им служеа според оби­чајот на народите, од чија средина ги преселија. 34#1 Мојс 32,29; 35,10; 1 Цар 18,31Тие постапуваат и до денес според обичаите свои: не се плашат од Господ и не постапуваат по одредбите, ни по обичаите, ни по законот и ни по запо­ведите што Господ им ги даде на сино­вите на Јаков, кому му го даде името Израел. 35Господ склучи со нив завет и им заповеда, велејќи: „Не почитувајте дру­ги богови и не им се поклонувајте, немојте да им служите и не принесувајте им жртви, 36#5 Мојс 9,29; Ер 27,5; 32,17а Господ, Кој ве изведе од египетската земја со голема сила и цврста рака, Него почитувајте Го, Нему поклонувајте Му се и Нему принесувајте Му жртви; 37одредбите и наредбите, законот и заповедите што Тој ги напиша за вас, трудете се да ги исполнувате преку сите дни, и не почитувајте други богови; 38не го заборавајте заветот што го склучив со вас, и не плашете се од други богови; 39почитувајте Го само Господа, вашиот Бог, и Тој ќе ве спаси од раце­те на сите ваши непријатели.“ 40Но тие не послушаа, туку поста­пуваа според поранешните свои обичаи. 41А имаше народи што Го почитуваа Господа, но и на своите идоли им слу­жеа. Па и децата нивни и внуците нивни до денес постапуваат така, како што постапуваа нивните предци.

Селектирано:

2 Царевите 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се