Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 15

15
Азарија, цар на Јудеја
(2 Лет 26,3-4.21-23)
1Јудејскиот цар Азарија, синот на Амасија, стана цар во дваесет и седмата година од владеењето на израелскиот цар Јеровоам. 2Тој беше на шеснаесет години кога стана цар, и педесет и две години царуваше во Ерусалим. Мајка му се викаше Јехолија, од Ерусалим. 3Тој го правеше она што беше пра­вилно во очите на Господ, токму како што постапуваше татко му Амасија. 4Само идолските светилишта не беа урнати: народот сѐ уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта. 5#5,27Господ го порази царот, и тој беше болен од лепра до денот на својата смрт и живееше во посебен дом. А царевиот син Јотам беше управник над царскиот дворец и му судеше на народот во земјата. 6Другите дела на Азарија и сѐ што тој извршил, е опишано во летопи­сите на јудејските цареви. 7#Ис 6,1И почина Азарија кај своите предци, и го погребаа кај неговите предци во Давидовиот град. На негово место се зацари неговиот син Јотам.
Захарија, цар на Израел
8Захарија, синот на Јеровоам, стана цар над Израел во Самарија во триесет и осмата година од владеењето на јудеј­скиот цар Азарија и царуваше шест месеци. 9Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ, како што правеа неговите предци: не отстапуваше од гревовите на Навато­виот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел. 10Селум, синот на Јавеш, се побуни против него, го удри пред народот и го уби, па стана цар место него. 11Другото за Захарија е опишано во летописите на израелските цареви. 12Такво беше словото на Господ што Тој му го беше кажал на Јуј, велејќи: „Синовите твои ќе седат на израелскиот престол до четвртото колено.“ Така и стана.
Селум, цар на Израел
13Јавешовиот син Селум стана цар во триесет и деветтата година од владее­њето на јудејскиот цар Азарија и царуваше во Самарија еден месец. 14Тогаш Менаим, синот на Гадиј, тргна од Тирца, и дојде во Самарија, го собори Јавешовиот син Селум во Сама­рија, го усмрти и стана цар место него. 15Другите работи на Селум и побуната негова што тој ја изведе, опишани се во летописите на израелските цареви. 16Менаим ја разори Тифса и сите што беа во неа и во нејзините предели, поч­нувајќи од Тирца, поради тоа што жи­телите на градот не му ги отворија портите. Та го разори, и сите бремени жени во него ги распори.
Менаим, цар на Израел
17Менаим, синот на Гадиј, стана цар над Израел во триесет и деветтата го­дина од владеењето на јудејскиот цар Азарија и царуваше десет години во Самарија; 18тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ; не отста­пуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го наведуваше во грев Израел, во текот на сите негови денови. 19Тогаш асирскиот цар Пул ја нападна земјата Израелова. И Мена­им му даде на Пул илјада кикари сребро за да му помогне да го зацврсти царството во своја рака. 20Менаим го зеде тоа сребро од Израелците, од сите богати луѓе, по педесет шекели сребро од секој човек за да ги даде на асирскиот цар. Така се врати назад асирскиот цар, и не остана таму во земјата. 21Другите дела на Менаим и сѐ што тој беше извршил, опишани се во лето­писите на израелските цареви. 22И почина Менаим кај своите предци. На негово место се зацари неговиот син Факија.
Факија, цар на Израел
23Факија, синот на Менаим, стана цар над Израел во Самарија во педесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Азарија и царуваше две години. 24И тој го правеше, она што не беше угодно пред очите на Господ; не отста­пуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел Израел во грев. 25Против него се побуни Факиј, синот на Ремалија, негов дворјанин, и го на­падна во Самарија, близу цар­скиот дом, со Аргов и Арје. Со себе имаше и педе­сет мажи од Галаад. Го уби и се зацари на негово место. 26Другите работи на Факија и сѐ што беше извршил, опишани се во лето­писите на израелските цареви.
Факиј, цар на Израел
27Ремалиевиот син Факиј стана цар над Израел во Самарија во педесет и втората година од владеењето на јудеј­скиот цар Азарија и царуваше дваесет години; 28Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ: не отста­пуваше од гревовите на Навато­виот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел. 29#16,9; 17,6.23-24; 18,11.32; 24,14-16; 25,11Во дните на израелскиот цар Факиј дојде асирскиот цар Тиг­лат-Пилесер, го презеде Ијон, Авел-Бет-Мааха, Ја­ноах, Кедес, Асор, Галаад, Галилеја и целата Нефталимова земја, и ги пресели жителите нивни во Асирија. 30Осија, синот на Ила, се побуни против Ремалиевиот син Факиј, го удри и го уби, па стана цар место него во дваесеттата година од владеењето на Јотам, синот на Озија. 31Другите дела на Факиј и сѐ што тој беше направил, опишани се во лето­писите на израелските цареви.
Јотам, цар на Јудеја
(2 Лет 27,1-3.7-9)
32Јотам, синот на јудејскиот цар Озија, стана цар во втората година на Рамалиевиот син Факиј, цар израелски. 33Тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години. Мајка му се викаше Јеруша, ќерка на Садок. 34Само тој го правеше она што беше правилно пред очите на Господ: во сѐ постапуваше така, како што постапуваше неговиот татко Озија. 35Но идолските светилишта не беа срушени: народот сѐ уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта. Тој ги изгради горните порти кај домот Господов. 36Другите дела на Јотам и сѐ што тој беше направил, опишани се во лето­писите на јудејските цареви. 37#16,5; Ис 7,1Во тие денови Господ почна да го испраќа во Јудеја арамејскиот цар Ре­цин и Рамалиевиот син Факиј. 38И почина Јотам кај своите предци, и беше погребан кај своите предци во градот на својот предок Давид. А на не­гово место се зацари неговиот син Ахаз.

Селектирано:

2 Царевите 15: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се