Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 13:14-19

2 Царевите 13:14-19 MK2006

Елисеј се разболе од болест, од која подоцна и умре. Дојде кај него израелскиот цар Јоас, плачеше над него, велејќи: „Татко мој, татко мој, бојна коло Израелова и негова коњицо!“ И му рече Елисеј: „Земи лак и стрели!“ И тој зеде лак и стрели. Тогаш му рече: „Стави ја раката на лакот!“ И тој ја стави раката. Тогаш Елисеј ги стави рацете свои врз рацете на царот и рече: „Отвори го прозорецот кон исток!“ И тој го отвори. А Елисеј рече: „Стрелај!“ И тој стрелаше. Потоа Елисеј рече: „Таа стрела за спасение е од Господ, таа е спасителната срела против Арам, и ти ќе ги поразиш и уништиш Арамејците во Афек.“ И продолжи Елисеј и рече: „Земи стрели!“ И тој зеде. Пак му рече на израелскиот цар: „Удри во земјата!“ И тој удри трипати и запре. И му се разгневи Божјиот човек и рече: „Требаше да удриш петпати или шестпати, тогаш ќе ги разбиеше докрај Арамејците, а сега ќе ги поразиш Ара­мејците само трипати.“