Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 10:10-17

2 Царевите 10:10-17 MK2006

А сега знајте дека нема да пропадне на земјата ниедно слово Господово што Тој го изрекол за Ахавовиот дом; Господ го направи тоа што го изрече преку Својот слуга Илија.“ И Јуј ги уби сите други од семеј­ството на Ахав во Јизреел, и сите големци негови, и блиски негови, и свештениците негови, така што од него не остана ниту еден. Потоа стана, тргна и дојде во Сама­рија. По патот, кога се наоѓаше близу до Бет-Екед-Роим, Јуј ги сретна браќата на јудејскиот цар Охозија и ги праша: „Кои сте вие?“ Тие одговорија: „Ние сме браќата на Охозија, одиме да видиме, здрави ли се синовите на царот и синовите на царицата.“ А тој рече: „Фатете ги живи.“ Ги фатија живи и ги заклаа сите четирие­сет и двајца, кај кладенецот на Бет-Екед, и од нив не остана ниту еден. Оттаму тргна и се сретна со Рихавовиот син Јонадав, кој му доаѓаше во пресрет; го поздрави и му рече: „Дали е твоето срце така искрено кон моето, како што е моето срце кон твоето?“ Јонадав одговори: „Да.“ Тогаш му рече: „Ако е така, дај ја раката своја.“ И тој ја подаде раката, и тој го качи на колата кај себе. И рече: „Тргнувај со мене и гледај ја мојата ревност кон Господ.“ И го наместија во колата. Кога дојде во Самарија, тој ги уби сите преживеани од родот на Ахав во Самарија, така што сосема го истреби, според словото на Господ што му го беше кажал на Илија.