Ова, пак, ви го велам: кој така скржаво сее, така скржаво ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее. Секој да дава како што одлучил во срцето, а не со жал или принуда; зашто Бог го љуби оној што од срце дава. А Бог може изобилно да ве дарува со секаков дар, секогаш да имате доволно за сѐ, да бидете од сѐ срце дарежливи во секое добро дело. Како што е напишано: „Раздаде, им даде на сиромашните; правдата Негова останува вечна.“ А Оној Кој му дава на сејачот семе и леб за храна, Тој ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да изобилуваат плодовите на вашата правда, па во сѐ да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога. Бидејќи извршувањето на таа служба не само што ги надополнува потребите на светиите, туку и во мнозина предизвикува обилна благодарност кон Бога; и тие, користејќи ги плодовите од таа служба, Го прославуваат Бога за вашето покорно исповедање на Евангелието Христово и за штедроста на заедницата со нив и со сите други. А тие со молитви за вас копнеат по вас поради преизобилната благодат Божја во вас. Да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажлив дар!
Прочитај 2 Коринтјаните 9
Слушај 2 Коринтјаните 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Коринтјаните 9:6-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа