Никому никаков повод за соблазна не даваме за да не биде презрена нашата служба, туку во сѐ се препорачуваме за служители Божји, со големо трпение, во неволји, во нужди, во тегоби, во удари, во затвори, во бунтови, во напори, во бденија, во пости, со чистота, со знаење, со долготрпеливост, со добрина, со Духот Свети, со нелицемерна љубов, со проповедта на вистината, со сила Божја, со оружјето на правдата во десна и во лева рака, со славата и срамот, при укори и пофалби; нѐ сметаат за измамници, а ние сме вистинити; за непознати, а добро сме познати; нѐ држат како да сме на умирање, а еве – живи сме; како казнети, а неумртвени; нѐ нажалуваат, а ние сме секогаш весели; нѐ сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сѐ имаме.