Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 5:10-21

2 Коринтјаните 5:10-21 MK2006

зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го из­вр­шил во телото свое, било добро или зло. Така, знаејќи го стравот од Господ, ние ги уверуваме луѓето, а за Бога сме јавни: се надевам дека сум познат и на вашите совести. Не се фалиме, пак, пред вас, туку ви даваме повод, вие да се фалите со нас, та да има, што да им речете на оние кои се фалат по лице, а не по срце. Ако сме надвор од себе, тоа е заради Бога; ако сме присебни, тоа е поради вас. Бидејќи љубовта Христова нѐ гони да го мислиме ова: кога еден умрел за сите, тогаш сите се умрени. А Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, туку за Оној Кој умре за нив и воскресна. Затоа ние отсега никого не позна­ва­ме по тело; иако Христос Го познавме по тело, но сега веќе не Го познаваме како таков. И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото. А сѐ е од Бога, Кој нѐ измири со Се­бе преку Христос и ни го даде слу­же­ње­то на тоа измирување. Зашто Бог го измири светот со Себе преку Христос, не земајќи ги предвид престапите на луѓето, и го положи во нас словото на измирување. Па така, ние сме Христови пра­те­ници, како Бог да зборува преку нас. Ве молиме во името на Христос: помирете се со Бога! Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас Го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност