Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 4:6-15

2 Коринтјаните 4:6-15 MK2006

Зашто Бог, Кој некогаш заповеда од „темнината да изгрее светлина“, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло. Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас. Од секаде сме угнетувани, но не сме потиштени; во недоумица сме, не гу­би­ме надеж; нѐ гонат, но не сме напуштени; нѐ кутнуваат, но ние не пропаѓаме. И секогаш во телото наше ја но­си­ме смртта на Господ Исус, така што и животот Исусов да се открие во телото наше. Зашто ние, живите, постојано се из­ложуваме на смрт заради Исус, та и жи­вотот Исусов да се открие во нашето смртно тело. Така смртта дејствува во нас, а жи­вотот – во вас. А, пак, бидејќи го имаме тој ист дух на верата, како што е напишано: „По­ве­рував и затоа говорев“, и ние веруваме, па затоа и говориме, бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе нѐ вос­кресне преку Исус и ќе нѐ постави со вас. Зашто сѐ е заради вас, та благодатта, намножена преку благодарноста на мнозина, да изобилува за славата Божја.