А, пак, бидејќи го имаме тој ист дух на верата, како што е напишано: „Поверував и затоа говорев“, и ние веруваме, па затоа и говориме, бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе нѐ воскресне преку Исус и ќе нѐ постави со вас. Зашто сѐ е заради вас, та благодатта, намножена преку благодарноста на мнозина, да изобилува за славата Божја. Затоа ние не паѓаме со духот; но, ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се обновува. Зашто нашите сегашни незначителни страдања ни донесуваат многу пообилна и вечна тежина на славата, зашто ние не целиме кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи видливото е времено, а невидливото – вечно.
Прочитај 2 Коринтјаните 4
Слушај 2 Коринтјаните 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Коринтјаните 4:13-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа