Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 2:3-13

2 Коринтјаните 2:3-13 MK2006

Тоа исто и ви го напишав, та, кога ќе дојдам, да не ме ожалостат оние кои треба да ме зарадуваат; бидејќи сум уве­рен во сите вас дека мојата радост е ра­дост и за сите вас. Зашто од многу грижи и од тага на срцето ви пишував со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја познаете преголемата љубов што ја имам кон вас. Ако ли, пак, некој ме ожалости, не ме ожалостил само мене, туку, да не претерам, донекаде и сите вас. За таков доволна е казната што ја претрпел од мнозинството; така што за вас е подобро да го по­милувате и да го утешите, за да не про­падне од преголема жалост; затоа ве молам кон него да покажете љубов. Затоа и ви напишав, да ве испитам и да дознаам дали сте во сѐ послушни. А кому вие ќе му простите нешто, нему ќе му простам и јас; ако сум простил некому нешто, сум му простил по­ради вас во името на Исус Христос, за да не нѐ прелаже сатаната, зашто неговите намисли добро ни се познати. Кога дојдов во Троада да го про­по­ведам Евангелието Христово, иако вра­тата ми беше отворена во Господ, духот мој немаше спокој, бидејќи таму не го најдов мојот брат Тит; и за­тоа, откако се простив со нив, заминав за Македонија.