Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 12:6-10

2 Коринтјаните 12:6-10 MK2006

А, пак, кога би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би кажал вис­тина; но јас се воздржувам, да не би помислил некој за мене повеќе отколку што во мене гледа, или од мене слуша. И, за да не се превознесувам со пре­многу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по ли­цето, да не се превознесувам. Затоа трипати Го молев Господ тоа да го отстрани од мене. Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се по­ка­жува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова. Затоа уживам во слабости, во на­вредување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.