Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 8

8
Завршувањето на изградбата
(1 Цар 9,10-28)
1Откако, изминаа дваесет години, во кое време Соломон го градеше домот Господов и својот дом, 2Соломон ги изгради и градовите, што му ги беше дал Хирам, и ги всели во нив синовите израелски. 3Потоа отиде Соломон против Ха­мат-Цова и го презеде. 4#Ис.Н. 10,10; 2 Сам 8,9; 1 Цар 9,15-18Го изгради Тадмор во пустината и сите градови за житници, какви што направи во Хамат. 5Ги изгради Горни Веторон и Долни Веторон, градови утврдени со ѕидишта, порти и резиња, 6и Ваалат и сите градови за скла­дови, во кои Соломон имаше житници, сите градови за коли и градови за коњаница, и сѐ што сакаше да изгради Соломон во Ерусалим и во Ливан и по целата земја на своето царство. 7#Езд 9,1Сите луѓе, останати од Хитијците, Аморејците, Перизијците, Евејците и Јевусијците, што не беа од синовите Израелови – 8децата нивни, останати по нив на земјата, кои синовите Израелови не ги беа истребиле – Соломон ги потчини и принуди да плаќаат данок сѐ до ден-денес. 9А синовите Израелови Соломон што не ги направи слуги за свои работи, тие беа војници и главни над неговите воени началници и заповедници на колите и коњаницата негова. 10Главните настојници, што управуваа со народот кај царот Соломон, беа двесте и педесет. 11Соломон ја пренесе ќерката фарао­нова од Давидовиот град во домот, што го изгради за неа, зашто, велеше тој, жена не смее да живее кај мене во до­мот на израелскиот цар Давид, бидејќи домот е осветен: во него е влезен ков­чегот Господов. 12#1 Цар 8,64Тогаш Соломон почна да Му принесува сепаленици на Господ на жртве­никот Господов, што беше го изградил пред тремот, 13#2 Мојс 29,38; 4 Мојс 10,10; 28,9-15; Неем 8,17за принесување сепаленици, според наредбите секој ден, како што беше заповедал Мојсеј, во саботите и во новомесечијата и во празниците трипати во годината: на празникот Бес­квасници, на празникот Седмици и на празникот Сеници. 14#Неем 12,45; 1 Лет 9,17.23-26И ги установи, според распоредот на татко си Давид, смените и свеште­ниците според службата нивна, на левитите според смените нивни, за да славо­словат и да служат при свештениците според потребите за секој ден, и на вратарите според смените нивни, кај секоја врата, би­дејќи таква беше запо­ведта на Давид, Божјиот човек. 15И не отстапуваа од царевите запо­веди за свештениците и за левитите во ништо, ниту пак за ризницата. 16Така беше подготвена целата работа на Соломон од денот, кога се основа домот Господов, до целосното завршу­вање негово. 17Тогаш отиде Соломон во Ецјон-Ге­вер и во Елат, што е на морскиот брег, во земјата едомска. 18И Хирам му испрати по свои слуги кораби и слуги, што го знаеја морето, и тие отидоа со слугите Соло­монови во Офир, од каде што изнесоа четиристотини и педесет кикари злато, и му го донесоа на царот Соломон.

Селектирано:

2 Летописи 8: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се