Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 7

7
Осветување на храмот
(1 Цар 8,62-66)
1 # 2 Мојс 16,10; 19,18; 3 Мојс 9,24; 1 Цар 18,38 Кога Соломон ја заврши молит­ва­та, слезе оган од небото и ги голтна сепалениците и жртвите, и слава Госпо­дова го исполни домот. 2#1 Цар 8,11И свештениците не можеа да влезат во домот Господов, зашто славата Гос­подова го исполни домот Господов. 3#Езд 3,11; 1 Лет 16,34И сите синови израелски, кога ви­доа, како слезе оган и слава Гос­подова врз домот, паднаа ничкум на земја, на плочникот, се поклонија и Го фалеа Господа, зашто е добар, зашто милоста негова е вечна. 4А царот и сиот народ почнаа да принесуваат жртви пред лицето на Господ. 5И принесе царот Соломон за жртва дваесет и две илјади волови и сто и два­есет илјади овци: така го осветија Бож­јиот дом царот и сиот народ. 6#1 Лет 15,16.24Свештениците стоеја на службата своја, а левитите со Давидовите песни во рацете, стоеја со свирки за песни на Господ, што ги беше направил царот Давид, зашто милоста Негова е вечна; и трубеа свештениците спроти нив, а сиот Израел стоеше. 7#2 Мојс 29,13Соломон го освети и внатрешниот дел на тремот, што е пред домот Гос­подов: таму ги принесе сепалениците и лојот од помирителните жртви, зашто бакарниот жртвеник, направен од Со­ломон, не можеше да ги собере сепалениците, лебните приноси и лојот. 8#1 Мојс 15,18; 4 Мојс 13,21; Неем 8,17; 1 Лет 9,1И направи Соломон во тоа време седумдневен празник и празнуваше со него сиот Израел, – многу голем со­бор, што се беше стекол од Емат до египетскиот поток; 9#3 Мојс 23,36а на осмиот ден направија свечен собир, зашто осветувањето на жртве­никот го правеа седум дена и праз­никот – седум дена. 10#1 Цар 8,66И на дваесет и третиот ден од седмиот месец царот го распушти народот по шаторите нивни, сите радосни и весели во срцето поради доброто, што Господ му го направи на Давид и Соломон и на својот народ Израел.
Бог повторно му се јавува на Соломон
(1 Цар 9,1-9)
11 # 1 Лет 28,20 И го заврши Соломон домот Госпо­дов и домот царски, заврши успешно сѐ што беше наумил во срцето свое да го изврши во Господовиот дом и во својот дом. 12#5 Мојс 12,5.11И Господ му се јави на Соломон но­ќе и му кажа: „Ја чув твојата молитва и Си го одбрав тоа место за дом на жрт­вопринесувања. 13#6,14-42#5 Мојс 11,17; Амос 4,7Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ, 14#2 Мојс 10,3; 3 Мојс 26,41; 1 Цар 17,13; Ис 55,7; Ер 33,6; Ез 18,32; 1 Лет 16,11и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова. 15#1 Цар 8,29; Неем 1,6И сега очите Мои ќе бидат отво­рени и ушите Мои внимателни кон мо­литвата во ова место. 16#5 Мојс 12,5И сега Јас го избрав и го осветив овој дом, та името Мое да биде таму засекогаш; и очите Мои, и срцето Мое ќе бидат таму во сите дни. 17#3 Мојс 19,37И, ако одиш пред лицето Мое, како што одеше татко ти Давид, и ако вр­шиш сѐ, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш повелбите Мои и законите Мои, 18#2 Сам 7,13; Ис 9,6; 55,4; Ер 33,17.21; 1 Лет 5,2Јас ќе го зацврстам престолот на царството твое, како што му бев ветил на татко ти Давид, велејќи: ‚нема да снема маж, што ќе владее над Израел.‘ 19#5 Мојс 28,15; Ер 9,13; 11,8; 1 Лет 28,9Но, ако отстапите и ако ги на­пуштите наредбите Мои и заповедите Мои, што сум ви ги дал, и тргнете да служите на други богови и да им се поклонувате, 20#5 Мојс 28,37; 1 Цар 14,15; Ер 12,14; 16,13Јас ќе го истребам Израел од лицето на Мојата земја, што сум му ја дал, и овој храм, што сум го осветил на Мое име, ќе го отфрлам од лицето Свое и ќе го направам за приказ и за потсмев кај сите народи. 21#5 Мојс 29,24; Ер 19,8А за овој храм, толку славен, секој, што ќе мине покрај него, ќе се вџаши и ќе рече: ‚Зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘ 22#Ер 16,11И ќе речат: ‚Затоа, што тие Го оставија Господ, Бог на нивните предци, Кој ги изведе од египетската земја, и се приврзаа за други богови, и, се поклонуваа и им служеа, – затоа Тој им го испрати сево ова зло.‘“

Селектирано:

2 Летописи 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се