А бидејќи во собранието имаше мнозина кои не се беа осветиле, тогаш, наместо тие нечистите, го колеа пасхалното јагне левитите, за да го посветат на Господ. Мнозина од народот, повеќето од племето Ефремово и Манасиево, Исахарово и Завулоново, не се очистија; но и тие јадеа Пасха, непрописно. Но Езекија се помоли за нив и рече: „Благиот Господ да му прости на секого, кој го расположил срцето свое да Го бара Господ Бог, Бог на своите предци, макар и без свештено очистување.“ И Господ го послуша Езекија и му прости на народот.
Прочитај 2 Летописи 30
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Летописи 30:17-20
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа