Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 22:1-6

2 Летописи 22:1-6 MK2006

Жителите ерусалимски место него за цар го поставија Охозија, најмалиот негов син, бидејќи сите постари беа убиени од разбојници, што се беа приближиле до логорот со Арапите, – и така стана цар Охозија, си­нот на јудејскиот цар Јорам. Охозија беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Еру­салим една година; мајка му се викаше Готолија, ќерка на Омриј. И тој исто така одеше по патиш­тата на Ахавовиот дом, зашто мајка му беше негова советничка во незаконските дела. Тој го правеше она што беше неугодно пред очите на Господ, како домот Ахавов, зашто по смртта на татко му тој дом му беше советник, за негова пропаст. И, следејќи го нивниот совет, Охо­зија отиде со израелскиот цар Јорам, син Ахавов, во војна против Азаил ара­мејскиот цар, во Рамот Галаадски. И Арамејците го ранија Јорам; тој се врати во Израел да се лекува од раните, што му ги нанесоа во Рама, кога војуваше со Азаил, арамејскиот цар. И Охозија, синот Јорамов, цар јудеј­ски, дојде да го посети Јорама, синот Ахавов, во Израел, бидејќи тој беше болен.