2 Летописи 19
19
Пророкот го укорува Јосафат
1 #
1 Цар 16,1; Пс 7,10; 139,21-22 Кога Јосафат, царот јудејски, се враќаше со мир во домот свој во Ерусалим, 2излезе да го пресретне јасновидецот Јуј, син Ананиев, и му рече на царот Јосафат: „Требаше ли да му помагаш на безбожникот и да ги сакаш оние, што Го мразат Господа? Затоа гневот Господов падна врз тебе. 3#1 Цар 14,13Но добро се најде во тебе, зашто ти ги истреби идолите во земјата јудејска и го расположи срцето свое за да Го побараш Бога.“
Реформите на Јосафат
4Јосафат живееше во Ерусалим. И пак почна да го обиколува народот свој од Вирсавија до Ефремовата Гора, и ги поврати кон Господ, Бог на нивните предци. 5#2 Мојс 18,13-26; Езд 7,25#1 Мојс 47,6; 2 Мојс 18,26И постави судии во земјата по сите утврдени градови на Јудеја, во секој град, 6#3 Мојс 19,15; 5 Мојс 18,20па им рече на судиите: „Внимавајте што правите; вие вршите не суд човечки, туку суд Господов; во судската работа Бог е со вас. 7#1 Мојс 18,25; 5 Мојс 10,17; Јов 8,3; 13,10Затоа стравот Господов нека биде над вас: работете внимателно, зашто кај Господ, нашиот Бог, нема неправда, ни пристрасност, ниту поткупување.“ 8#Ез 44,24; 1 Лет 23,4Јосафат и во Ерусалим постави некои левити и свештеници и старешини на домовите во Израел – за суд Господов и за тужби. И се вратија во Ерусалим. 9Тогаш им заповеда, велејќи: „Така работете со страв Господов, со верност и со чисто срце: 10#5 Мојс 17,8-9во секоја расправија, каква што ќе дојде кај вас од браќата ваши, што живеат по градовите свои, било за крвнина, или за закон, заповед, уредба и обреди, објаснувајте им да не грешат пред Господ, та да не дојде гневот Негов врз вас и врз браќата ваши: така работете, и нема да згрешите. 11#1 Лет 28,20И ете, првосвештеникот Амарија е над вас за секоја Господова работа, а Зевадија, синот Јишмаелов, началник на Јудиниот дом – за секоја царска работа, а и левитите ќе ви служат како писари. Бидете цврсти и работете, и Господ ќе биде со добриот.“
Селектирано:
2 Летописи 19: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006