Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 16:1-14

2 Летописи 16:1-14 MK2006

Во триесет и шестата година од царувањето на Аса, израелскиот цар Баша се крена против Јудеја и почна да ја утврдува Рама, за да не му дозволи никому ниту да излегува од ју­дејскиот цар Аса, ниту да доаѓа кај него. Тогаш Аса изнесе сребро и злато од ризниците на домот Господов и на цар­скиот дом и ги испрати до арамејскиот цар Венадад, кој живееше во Дамаск, велејќи: „Нека има сојуз меѓу мене и тебе, како што беше меѓу татко ми и таткото твој; ти испраќам сребро и злато: оди и раскини го сојузот свој со израелскиот цар Баша, за да се повлече од мене.“ Венадад го послуша Аса и испрати свои војводи, што ги имаше кај себеси, против израелските градови, и тие го опустошија Ијон, Дан и Авел-Маим и сите житници во Нефталимовите гра­дови. Кога чу за тоа Баша, престана да ја утврдува Рама и ја прекина работата своја. А царот Аса ги собра сите Јудејци, и тие ги изнесоа од Рама камењата и др­вата, што ги употребуваше Баша за градење, и ги изгради со нив Гева и Мицпа. Во тоа време дојде јасновидецот Ананиј кај јудејскиот цар Аса и му рече: „Бидејќи ти се потпре на арамеј­скиот цар, а не се потпре на Господ, твојот Бог, затоа се спаси од рацете твои војската на арамејскиот цар. Етиопјаните и Либијците не беа ли со поголема сила и со многу повеќе коли и коњаници? Но бидејќи ти се потпре на Господ, и Тој ги предаде во раката твоја, зашто очите Господови ја гледаат целата земја, за да им помагаат на оние, чие срце наполно Му е предадено Нему. Ти сега постапи неразумно; затоа отсега ќе имаш војни.“ Тогаш Аса се налути на јасновидецот и го затвори во темница, бидејќи беше разјарен против него поради тоа. Во тоа време Аса угнетуваше и некои од народот. Впрочем, делата на Аса, први и пос­ледни, се опишани во книгата на царевите јудејски и израелски. На триесет и деветтата година од царувањето свое Аса се разболе во но­зете, и болеста негова се прошири до горните делови на телото; но тој ни во болеста своја не Го побара Господа, туку лекари. И почина Аса кај своите предци и умре во четириесет и првата година од царувањето свое. И го погребаа во гробницата, која сам си ја беше изградил во Дави­довиот град; го положија на одарот, преполн со благопријатни мириси и со разни веш­тачки масти; и ги из­гореа во голем оган во негова чест.