Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 1:6-12

2 Летописи 1:6-12 MK2006

И таму пред лицето на Господ, врз бакарниот жртвеник, што беше пред скинијата на собранието, Соломон принесе илјада жртви-паленици. Во таа ноќ му се јави Господ на Со­ломон и му рече: „Барај, што сакаш да ти дадам.“ Соломон Му одговори на Бога: „Ти му направи на татко ми Давид голема милост и ме постави за цар место него. Нека се исполни сега, Господи, сло­вото Твое кон татко ми Давид, бидејќи ме направи цар над народ многуброен, како земниот прав, дај ми сега мудрост и разум, за да управувам со тој народ; зашто, кој може да управува со Твојот голем народ?“ И му рече Бог на Соломон: „Затоа што го имаш тоа во срцето свое и не побара богатство, имот и слава, ниту душите на твоите непријатели, туку побара мудрост и разум, за да управуваш со Мојот народ, над кој те поставив за цар – мудрост и разум ти се дава, а богатство, имот и слава ќе ти дадам такви, какви што кај царевите пред тебе немало, ниту ќе има по тебе.“