Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 1

1
Царот Соломон се моли за мудрост
(1 Цар 3,1-15)
1 # 1 Мојс 21,22; 39,2; 4 Мојс 14,43; 1 Цар 2,12.46; 1 Лет 29,25 Соломон, синот Давидов, се зацврсти во царството свое, и Господ, не­говиот Бог, беше со него и го издигна високо. 2И му заповеда Соломон на сиот Из­раел да се соберат: илјадниците, стотниците, судиите и сите началници во сиот Израел – старешините на домовите татковски. 3#2 Мојс 40,18; 3 Мојс 17,4; Ис.Н. 9,3Па отидоа Соломон и целото собра­ние со него на ридот во Гаваон, бидејќи таму беше Божјата скинија на собранието, која Мојсеј, слугата Господов, ја беше подигнал во пустината. 4#2 Сам 6,17; 1 Лет 15,25Давид го беше пренел Божјиот ков­чег од Кирјат-Јарим на она место, што му го беше приготвил, откако направи за него скинија во Ерусалим. 5#2 Мојс 31,2; 38,2А бакарниот жртвеник, што го беше направил Веселеил, синот на Уриј, Оров син, си остана таму пред скинијата Господова; него го побараа Соломон и собранието. 6И таму пред лицето на Господ, врз бакарниот жртвеник, што беше пред скинијата на собранието, Соломон принесе илјада жртви-паленици. 7Во таа ноќ му се јави Господ на Со­ломон и му рече: „Барај, што сакаш да ти дадам.“ 8#1 Лет 23,1Соломон Му одговори на Бога: „Ти му направи на татко ми Давид голема милост и ме постави за цар место него. 9#1 Мојс 12,2; 2 Сам 7,25; 1 Цар 8,25Нека се исполни сега, Господи, сло­вото Твое кон татко ми Давид, бидејќи ме направи цар над народ многуброен, како земниот прав, 10#4 Мојс 27,17; 2 Сам 5,2дај ми сега мудрост и разум, за да управувам со тој народ; зашто, кој може да управува со Твојот голем народ?“ 11#5 Мојс 17,17И му рече Бог на Соломон: „Затоа што го имаш тоа во срцето свое и не побара богатство, имот и слава, ниту душите на твоите непријатели, туку побара мудрост и разум, за да управуваш со Мојот народ, над кој те поставив за цар – 12#Неем 13,26; 1 Лет 29,12мудрост и разум ти се дава, а богатство, имот и слава ќе ти дадам такви, какви што кај царевите пред тебе немало, ниту ќе има по тебе.“
Моќта и богатството на Соломон
(1 Цар 10,26-29)
13Тогаш Соломон се врати од ридот во Гаваон, од скинијата на собранието, во Ерусалим, и царуваше над Израел. 14#1 Сам 8,11; 1 Цар 9,19И собра Соломон коњаница; имаше илјада и четиристотини коли и дванаесет илјади коњаници, кои ги насели по градовите каде што му беа колите и кај себе во Ерусалим. 15#1 Цар 9,28; Ис 60,5И го направи царот во Ерусалим среброто и златото еднакво вредно со камењата, а кедрите според нивното множество ги направи еднакво вредни со смоквите во полињата. 16Коњи му увезуваа на Соломон од Египет; царски трговци ги купуваа со пари; 17една кола се купуваше и довезуваше од Египет за шестотини шекели сребро, а еден коњ – за сто и педесет. Така тие им ги продаваа на сите цареви хитиски и цареви арамејски.
Првите подготовки за градба на храмот
(1 Цар 5,1-18)
18Соломон потоа науми да изгради дом на името Господово и царски дом за себеси.

Селектирано:

2 Летописи 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се