Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Тимотеј 6:11-19

1 Тимотеј 6:11-19 MK2006

Но ти, човеку Божји, бегај од ова и стреми се кон праведноста, побожноста, верата, љубовта, трпеливоста и кротоста! Бори се со добриот подвиг на верата; освој го вечниот живот за кој си и повикан и си дал добра потврда пред многу сведоци. Ти заповедам пред Бога, Кој сѐ оживотворува, и пред Христос Исус, Кој ја посведочи добрата исповед пред Понтиј Пилат, да ја запазиш заповедта чиста и бес­прекорна сѐ до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, кое, кога ќе му дојде времето, ќе Го открие блажениот и единствен Вла­де­тел, Цар над царевите и Господар над господарите, Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го ви­ди. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин! Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеват во непостојаното богатство, туку на жи­виот Бог, Кој ни дава за наслада сѐ во изобилие; нека прават добро, нека се збогатуваат со добри дела, да бидат штедри и сочувствителни. И на таков начин да си собираат сокровиште – добра основа за иднината, за да постигнат живот вечен.