1 Солуњаните 4
4
Животот кој му е угоден на Бога: чистота, братска љубов
1 #
2,13; Рим 12,1-2; 2 Сол 3,6 И така, браќа, ве молиме и ве заколнуваме во Христос Исус, онака, како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, сѐ повеќе во тоа да напредувате; 2#4,15 Вие знаете какви пораки ви дадовме од името на Господ Исус. 3#5,23; 3 Мојс 19,2; Мт 6,10; Рим 6,19; Ефес 1,4; Евр 10,10; 1 Птр 1,16Ова е волјата Божја, вашата светост: да се воздржувате од блудство, 4#1 Кор 6,13.15; 7,2; 1 Птр 3,7и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и честитост, 5#Ер 10,25; Пс 79,6а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога, 6#5 Мојс 32,35; Пс 94,1и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборувавме и сведочевме порано. 7#Јн 17,19; 2 Сол 2,13-14; 1 Птр 1,15-16Зашто Бог не нѐ повика кон нечистота, туку во светост. 8#Ез 36,27; 37,14; Лк 10,16; Рим 5,5; 2 Кор 1,22; Гал 4,6; 1 Јн 3,24А кој го отфрла тоа, тој отфрла не човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Дух Свети во нас. 9#Ис 54,13; Ер 31,33-34; Јн 6,45; 13,34За братољубието, пак, нема потреба да ви пишувам, зашто вие сами сте научени од Бога да се сакате еден со друг, 10#3,12; 2 Сол 3,4бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве поттикнуваме, браќа, уште повеќе да напредувате, 11#Ефес 4,28; 2 Сол 3,6-12и усрдно да се грижите да живеете мирно, да си ја извршувате сопствената работа и да работите со свои раце како што ви заповедавме; 12#Мк 4,11; 1 Кор 5,12; Кол 4,5да постапувате чесно спрема надворешните и да не зависите од никого.
Воскресението на мртвите и очекување на денот на Господовото доаѓање
13 #
Ефес 2,12
Браќа, не сакаме да бидете во незнаење за оние кои се упокоени, за да не тажите како и другите, што немаат надеж. 14#Мк 9,31; Рим 14,9; 1 Кор 15,3-4; 2 Кор 4,14Зашто, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така Бог и упокоените преку Исус, ќе ги доведе со Него. 15#Мт 16,27; 1 Кор 7,10.25; 15,51Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господ, нема да стигнеме пред упокоените. 16Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите; 17а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ. 18Па затоа, утешувајте се еден со друг со тие зборови.
Селектирано:
1 Солуњаните 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006