Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Солуњаните 1:4-10

1 Солуњаните 1:4-10 MK2006

Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани, зашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: са­ми знаете какви бевме меѓу вас заради вас. И вие се угледавте на нас и на Гос­под, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух, така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја. Зашто од вас одекна словото Гос­по­дово не само во Македонија и Ахаја, ту­ку и во секое место се пронесе славата за верата во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме. Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и ка­ко од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистин­ски Бог, и да Го очекувате од небесата Не­го­виот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гне­вот што доаѓа.