Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 5:1-7

1 Самоилова 5:1-7 MK2006

А Филистејците го зедоа ковчегот Божји и го пренесоа од Евен-Езер во Ашдод. Го зедоа Филистејците ковчегот Божји, го внесоа во храмот на Дагон и го поставија до овој идол. На другиот ден, откако жителите на Ашдод дојдоа рано наутро во храмот на Дагон, ете, Дагон лежи ничкум на земја пред ковчегот Господов. И го зедоа Дагон и го поставија пак на местото негово. На следниот ден, откако станаа утрината, ете, Дагон пак лежи ничкум на земја пред ковчегот Господов; главата на Дагон и обете дланки на рацете негови беа пресечени, секоја одделно, и лежеа на прагот; само трупот на Дагон беше останал. Поради тоа жреците Дагонови и си­те други, кои доаѓаа во домот на Дагон во Ашдод, не стапнуваат на прагот Да­гонов до ден – денешен. И раката Господова се протегна врз жителите на Ашдод, и Бог ги удри и ги казни со гнасни чирови во Ашдод и околните места негови. Откако го видоа тоа ашдодците, рекоа: „Да не остане ковчегот на Бог Израелов кај нас, зашто тешка Му е раката и за нас и за нашиот бог Дагон.“