Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 30:1-6

1 Самоилова 30:1-6 MK2006

На третиот ден, откако Давид и луѓето негови тргнаа за Циклаг, Амаликијците го нападнаа Циклаг од југ, го презедоа и го изгореа со оган; жените, пак, и сите што беа во него, од мал до голем, не ги убија, туку ги одведоа во плен и отидоа по патот свој. Се приближи Давид и луѓето негови до градот, и ете, тој е изгорен со оган, а жените нивни, синовите нивни и ќер­ките нивни се земени во плен. Давид и народот што беше со него, почнаа да викаат и да плачат, додека имаше сила во нив за плачење. Беа земени во плен и двете жени Давидови: Ахиноам, јизреелката, и Авигеја, поранешната Навалова жена, од Кармил. Давид беше многу збунет, бидејќи народот сакаше да го убие со камења; зашто сиот народ страдаше во душата, секој за синовите свои и за ќерките свои.