И Давид му рече на Саул: „Зошто ги слушаш зборовите на оние луѓе што велат, ете, Давид крои зло против тебе? Ете, денес видоа очите твои дека Господ те предаваше во рацете мои во пештерата, и ми говореа да те убијам, но јас те поштедив и реков: нема да кренам рака на мојот господар, бидејќи тој е помазаник на Господ. Татко, погледни ја полата на облеката твоја во мојата рака, јас ја пресеков полата од облеката твоја, а тебе не те убив; знај и увери се дека во раката моја нема зло, ни непријателство, и дека јас не сум згрешил спрема тебе; а ти ја бараш душата моја за да ја одземеш. Господ нека пресуди меѓу мене и тебе, и нека ти одмазди Господ за мене; но мојата рака нема да биде врз тебе, како што вели старата поговорка: – од беззаконици излегува беззаконие. – Затоа раката моја нема да биде врз тебе. Против кого излегол царот израелски? По кого си се растрчал? По мртво куче, по една болва. Господ нека биде судија и Тој нека пресуди меѓу мене и тебе. Тој ќе го испита делото мое и ќе ме спаси од раката твоја.“ Откако ги изрече Давид тие зборови кон Саул, Саул рече: „Твојот глас ли е тоа, сине мој Давиде?“ И го крена Саул гласот свој, и плачеше и му рече на Давид: „Ти си поправ од мене, зашто ми врати со добро, а јас ти враќав со зло
Прочитај 1 Самоилова 24
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Самоилова 24:10-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа