Свештеникот одговори: „Ете го мечот на Филистеецот Голијат, кого го уби ти во Теревинтската Долина, завиткан во платно, зад ефодот; ако сакаш, земи го: освен него тука нема друг меч.“ Давид стана и избега истиот ден од Саул, и дојде кај гатскиот цар Анхус. Му рекоа на Анхус слугите негови: „Овој ли е Давид, царот на онаа земја? Нели му пееја нему луѓето, велејќи: ‚Саул порази илјади, а Давид – десетици илјади?‘“ Давид ги стави тие зборови во срцето свое и многу се исплаши од Анхус, царот на Гет. Тогаш го измени лицето свое пред нив, и се преправаше дека е умоболен пред очите нивни и удираше по вратите, се фрлаше на рацете свои и пушташе лиги по брадата своја. Анхус им рече на робовите свои: „Гледате, овој човек е луд; зошто сте го довеле кај мене?
Прочитај 1 Самоилова 21
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Самоилова 21:10-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа