Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 2:1-10

1 Самоилова 2:1-10 MK2006

И се молеше Ана и велеше: „Ми се зарадува срцето мое во Господ; се возвиши силата моја преку мојот Бог; широко се отвори устата моја против моите непријатели, зашто се радувам поради спасението од Тебе. Никој не е така свет како Господ; зашто нема друг, освен Тебе; и нема тврдина како нашиот Бог. Не зборувајте повеќе толку горделиво! Зборови дрски нека не излегуваат од вашата уста; зашто Господ е Бог на знаењето, и постапките Негови се од­мерени. Лакот на силните се прекршува, а слабите со сила се здобиваат. Ситите работат за леб, а гладните почиваат. Дури и неплодната раѓа се­думпати, а многудетната изнемоштува. Господ умртвува и оживува, одведува во пеколот, и повторно оттаму доведува назад. Господ го прави човекот сиромав и богат, го понижува и го воздига. Од прав го подига бедниот, од кал го крева сиромавиот, ставајќи го да седне со големците, и им го дава во наслед­ство престолот на славата; зашто во Гос­под се столбовите на земјава, и Тој врз нив ја утврди вселената. Ги услишува молитвите на моли­телот и ги благословува деновите на праведниот, зашто не е според силата човекот јак. Господ ќе ги изнемошти оние што се препираат со Него. Од небесата ќе згрми на нив. Господ ќе ги суди кра­иштата на земјата, ќе му даде сила на Својот цар и ќе ја возвиши моќта на помазаникот Свој.“