Тој одговори: „Со мир; дојдов да Му принесам жртва на Господ; осветете се и дојдете со мене на принесување жртва.“ И го освети тој Јесеј и синовите негови и ги покани на жртвата. И кога дојдоа тие, тој штом го виде Елијав, рече: „Секако, овој е пред Господ помазаникот Негов!“ Но Господ му рече на Самоил: „Не гледај на лицето негово и високиот негов раст; Јас го отфрлив. Јас не гледам така, како што гледа човек, зашто човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето.“
Прочитај 1 Самоилова 16
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Самоилова 16:5-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа