Му рече Господ на Самоил: „До кога ќе патиш по Саул, кого Јас го отфрлив да не биде цар на Израел? Понеси со себе масло и оди; Јас ќе те испратам кај витлеемецот Јесеј, зашто меѓу неговите синови си согледав цар.“ Тогаш Самоил рече: „Како да одам? Саул ќе чуе и ќе ме убие.“ Господ рече: „Потерај од стадото свое една јуничка и кажи: – дојдов да му принесам жртва на Господ; покани го и Јесеј на жртвата; Јас ќе ти кажам што да правиш, и ти ќе Ми го помазаш оној, кого ќе ти го посочам.“ И Самоил направи, како што му кажа Господ. Кога дојде во Витлеем, старешините градски се уплашија и излегоа да го пресретнат и запрашаа: „Со мир ли доаѓаш?“ Тој одговори: „Со мир; дојдов да Му принесам жртва на Господ; осветете се и дојдете со мене на принесување жртва.“ И го освети тој Јесеј и синовите негови и ги покани на жртвата. И кога дојдоа тие, тој штом го виде Елијав, рече: „Секако, овој е пред Господ помазаникот Негов!“ Но Господ му рече на Самоил: „Не гледај на лицето негово и високиот негов раст; Јас го отфрлив. Јас не гледам така, како што гледа човек, зашто човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето.“
Прочитај 1 Самоилова 16
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Самоилова 16:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа