Потоа Самоил му рече на Саул: „Господ ме испрати да те помазам за цар над Неговиот народ, над Израел; а сега чуј го гласот Господов. Така говореше Господ Саваот: ‚Ќе го казнам Амалик за она што му го направи на Израел, кога му се испречи на патот додека овој излегуваше од Египет.‘ Оди сега и нападни го Амалик и истреби сѐ негово, но не земај за себе ништо од нив, туку уништи го и проколни сѐ што е негово; не штеди го, туку предај на смрт од маж до жена, од момче до доенче, од вол до овца, од камила до магаре.“
Прочитај 1 Самоилова 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Самоилова 15:1-3
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа