Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 1:1-8

1 Самоилова 1:1-8 MK2006

Имаше еден човек од Рамата­им-Цофим, од Ефремовата Гора, името му беше Елкана, син на Јерохам, син на Елијуј, син на Тоху, син на Цуф, ефратец. Тој имаше две жени: едната се ви­каше Ана, а другата Пенина. Пенина имаше деца, Ана, пак, немаше деца. И секоја година на определени де­нови тој човек одеше од градот свој за да Му се поклони и да Му принесе жртва на Господ Саваот во Силом; таму беа двајцата синови на Илиј: Офни и Финес, свештеници на Господ. А во денот, кога Елкана принесуваше жртва, ѝ даваше на жената своја Пенина и на сите нејзини синови и ќерки, делови од жртвата, а на Ана, пак, ѝ даваше двоен дел, зашто таа немаше деца, а и ја сакаше Ана повеќе од Пенина, иако Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина. Соперничката нејзина многу жесто­ко ја раздразнуваше за да ја натажи, поради тоа што Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина. Така стануваше секоја година, кога Елкана одеше во домот Господов: онаа ја раздразнуваше, а оваа плачеше и не јадеше. И ѝ рече Елкана, мажот нејзин: „Ано!“ Таа му одговори: „Еве, ме гос­подаре.“ И ѝ рече: „Зошто плачеш и зошто не јадеш, и поради што е нажа­лено срцето твое? Не сум ли јас за тебе повреден отколку десет синови?“