Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на старешините; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“ Понизете се под крепката рака Божја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето. Сите ваши загрижености префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас. Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта; спротивете му се со тврда вера, знаејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот. А Бог на секоја благодат, Кој ве повика за Својата вечна слава во Исус Христос, Сам, по вашето кратко страдање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи. Нему слава и власт во веки веков. Амин!
Прочитај 1 Петар 5
Слушај 1 Петар 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Петар 5:5-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа