Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа за да ве испита, како нешто необично да ви се случува. Напротив. Ако учествувате во страдањата Христови, тогаш радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите. А ако ве укоруваат поради името Христово, блажени сте, зашто Духот на славата, Духот Божји почива на вас: тие, значи, на Него хулат, а вие – Го прославувате. Никој, пак, од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник, ниту како оној што се меша во туѓи работи; но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за такво учество.
Прочитај 1 Петар 4
Слушај 1 Петар 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Петар 4:12-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа