Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пострада со телото, тој прекинал со гревот, та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја. Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вршење волјата на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препивање и во нечестиво идолопоклонство. Затоа тие и се чудат што не се дружите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас. Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мртвите. Зашто и на мртвите им беше проповедано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога. Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите. А пред сѐ, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“ Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување. Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат. Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој служи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исус Христос, чија слава и владеење се вечни. Амин.
Прочитај 1 Петар 4
Слушај 1 Петар 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Петар 4:1-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа