А најпосле, бидете сите еднодушни, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, дружељубиви, понизни; не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив: благословувајте, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благослов. „Зашто, кој го сака животот и сака да види добри денови, нека го пази јазикот свој од зло, и усните негови да не зборуваат лаги. Нека одбегнува зло и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него – бидејќи очите на Господ се вперени кон праведните, и ушите Негови – кон нивните молитви, а лицето Господово е против оние кои прават зло за да ги истреби од земјата.“
Прочитај 1 Петар 3
Слушај 1 Петар 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Петар 3:8-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа