1 Петар 3
3
Должности на сопружниците
1 #
1,25; 1 Кор 7,12-16; Ефес 5,22; Кол 3,18; Тит 2,5 А така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако некои од нив не му се покоруваат на словото, преку поведението на своите жени да се придобијат без приговор, 2кога ќе го видат вашиот чист и богобојазлив живот. 3#Ис 3,16; 1 Тим 2,9-15Вашата убавина да биде не надворешна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување на облеки, 4#Мт 6,4.6.18туку – внатрешна, во срцето на скриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога. 5Зашто така некогаш се украсуваа и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на мажите свои, 6#1 Мојс 18,12; Гал 4,28како што Сара го слушаше Авраам, нарекувајќи го господар. Вие сте нејзини чеда; ако правите добро, не плашете се од ништо. 7#Ефес 5,25; Кол 3,19Така и вие, мажите, живејте со своите жени во разбирање и почитувајте ги како послабо суштество и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши.
Страдање заради правда
8 #
Рим 12,14-18
А најпосле, бидете сите еднодушни, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, дружељубиви, понизни; 9#2,23; Мт 5,38.43; Лк 6,28; 1 Сол 5,15не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив: благословувајте, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благослов. 10#Пс 34,13-17„Зашто, кој го сака животот и сака да види добри денови, нека го пази јазикот свој од зло, и усните негови да не зборуваат лаги. 11Нека одбегнува зло и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него – 12бидејќи очите на Господ се вперени кон праведните, и ушите Негови – кон нивните молитви, а лицето Господово е против оние кои прават зло за да ги истреби од земјата.“
Доверба наместо прогонување
13И кој ќе ви направи зло, ако правите добро? 14#2,20; 4,14; Ис 8,12; Изреки 3,25; Мт 5,10; 10,26-31Но, ако и страдате за правда, блажени сте; не плашете се од она од што тие се плашат и не бојте се; 15#Ис 8,13туку Господ Бог почитувајте Го во срцата свои; а бидете секогаш подготвени со кротост и страхопочит за одговор на секого кој од вас ќе побара сметка за вашата надеж. 16#2,12.15Имајте чиста совест, та со тоа, што ве напаѓаат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос. 17#2,20Зашто, ако ѝ е угодно на Божјата волја, подобро е да страдате правејќи добро, отколку вршејќи лошо.
Победата на Христос се покажува во сите
18 #
2,21-24; Рим 5,6; 6,10; Ефес 2,18; Евр 9,26-28 Бидејќи и Христос, за да нѐ доведе кај Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните; вистина, умре по тело, но оживеа со духот. 19Во него откако слезе, им проповеда и на духовите кои беа в затвор, 20#1 Мојс 6,1-7; 7,7; 2 Птр 2,5; 3,9кои некогаш не се покорија кога Божјата долготрпеливост ги очекуваше, во времето на Ное, при правењето на ковчегот, во кој малкумина, односно осум души се спасија од водата. 21#1,3; Рим 6,4; Кол 2,12-13; Евр 10,22Образецот на таа вода – крштавањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветувањето на Бога добра совест – нѐ спасува сега и нас преку воскресението на Исус Христос, 22#Дела 2,33; Ефес 1,20-21; Кол 2,15Кој, откако се вознесе на небото, е оддесно на Бога, а Кому Му се покоруваат ангелите, властите и силите.
Селектирано:
1 Петар 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006