Во Гаваон Господ му се јави на Соломон ноќе во сон и му рече: „Барај што сакаш да ти дадам.“ Соломон одговори и рече: „Ти му направи голема милост на Твојот слуга, татко ми Давид; и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и праведноста и со искрено срце кон Тебе, Ти му ја зачува таа голема милост и му подари син, кој седи на престолот негов, како што е тоа денес; и денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга место татко ми Давид, но јас сум сосема млад, не знам како да се однесувам. А Твојот слуга е среде Твојот народ што си го избрал, народ толку многуброен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, ни да се догледа. Подари му, пак, на Твојот слуга разумно срце за да му служи на Твојот народ и да разликува: што е добро и што е зло; зашто, кој може да управува со тој многуброен Твој народ?“ Мило Му беше на Господ што Соломон го побара тоа. Господ му рече: „Затоа што го побара тоа, и не побара за себеси долг живот, не побара богатство, не ги побара душите на твоите непријатели, туку си побара разум за да умееш да судиш, – Јас ќе направам според зборот твој: еве, ти давам мудро и разумно срце, така што подобен на тебе немало пред тебе, и по тебе нема да се издигне сличен на тебе
Прочитај 1 Царевите 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Царевите 3:5-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа