Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 3:1-9

1 Царевите 3:1-9 MK2006

Соломон се сроди со фараонот, египетскиот цар, и ја зеде фараоновата ќерка и ја воведе во Давидовиот град, додека да го изгради домот свој, домот Господов и ѕидовите околу Еру­салим. Народот уште принесуваше жртви по високите места, бидејќи до она време не беше изграден дом за името Господо­во. Соломон Го возљуби Господа, одејќи по наредбите на својот татко Давид, но и тој принесуваше жртви и кадеше по високите места. Затоа царот отиде во Гаваон за да принесе таму жртва, бидејќи таму беше главното високо место. Илјада сепале­ници принесе Соломон врз тој жртве­ник. Во Гаваон Господ му се јави на Со­ломон ноќе во сон и му рече: „Барај што сакаш да ти дадам.“ Соломон одговори и рече: „Ти му направи голема милост на Твојот слуга, татко ми Давид; и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и пра­ведноста и со искрено срце кон Тебе, Ти му ја зачува таа голема милост и му подари син, кој седи на престолот негов, како што е тоа денес; и денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга место татко ми Давид, но јас сум сосема млад, не знам како да се однесувам. А Твојот слуга е среде Твојот народ што си го избрал, народ толку многу­броен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, ни да се догледа. Подари му, пак, на Твојот слуга раз­умно срце за да му служи на Твојот на­род и да разликува: што е добро и што е зло; зашто, кој може да управува со тој многуброен Твој народ?“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 Царевите 3:1-9