Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 22:29-37

1 Царевите 22:29-37 MK2006

Потоа израелскиот цар и Јосафат, јудејскиот цар, тргнаа за Рамот во Галаад. Израелскиот цар му рече на Јоса­фат: „Јас ќе се преоблечам и ќе влезам во борба, а ти облечи си ги царските алишта.“ И израелскиот цар се преоблече и влезе во борба. А арамејскиот цар им заповеда на заповедниците над колите, на број беа триесет и двајца, велејќи: „Не бијте се ниту со мал, ниту со голем, туку само со израелскиот цар.“ Заповедниците над колите кога го видоа Јосафат, помислија, бездруго, тоа е израелскиот цар, и се свртеа против него за да се удрат со него. Но Јосафат почна да вика. И заповедниците на бојните коли, кога видоа дека тој не е израелскиот цар, се иставија од него. А еден човек случајно го запна лакот и го рани израелскиот цар низ шевовите на оклопот. А царот му рече на својот колар: „Врти назад и извади ме од војската, бидејќи сум ранет.“ Но во тој ден борбата се засили, и царот стоеше во колата спроти Ара­мејците, а вечерта умре; крвта од раката се слеваше по колата. И кај зајдисонце беше објавено по целиот логор: секој да си оди во градот свој, секој – во земјата своја. Така умре царот и беше донесен во Самарија, и го погребаа царот во Самарија.