Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 21:17-23

1 Царевите 21:17-23 MK2006

Тогаш словото Господово беше упа­тено кон Илија тишбиецот: „Стани и пресретни го израелскиот цар Ахав, кој е во Самарија, – ете, сега е во лозјето на Навутеј, каде што дошол да го запоседне, – и кажи му: вака вели Господ: ‚ти си убил, и уште си грабнал наследство!‘ И кажи му: вака вели Господ: ‚на она мес­то, каде што кучињата ја лижеа крвта на Навутеј, кучињата ќе ја лижат и твојата крв.‘“ Ахав му рече на Илија: „Ти ме најде, мој непријателе!“ Тој рече: „Те најдов, бидејќи ти се продаде за да пра­виш злодела пред очите на Господ и да Го гневиш. Вака вели Господ: ете, ќе ти испра­там казна, ќе го уништам твоето потомство, истребувајќи откај Ахав сѐ што е машко – и оној што е роб, и оној што е слободен во Израел; и ќе постапам со твојот дом така, како што постапив со домот на Нава­товиот син Јеровоам и со домот на Ахиевиот син Баша, за наскрбувањето, со што ти ме раздразни и го наведе во грев Израел.“ И за Језавела Господ рече: „Кучи­њата ќе ја изедат Језавела зад јизреелските ѕидови