Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 19:15-21

1 Царевите 19:15-21 MK2006

А Господ му рече: „Врати се по патот свој преку пустината во Дамаск и, кога ќе стигнеш, помазај го Азаил за арамејски цар, а Јуј, синот на Нимшиј, помазај го за цар над Израел; Елисеј, пак, синот на Шафат, од Авел-Мехола, помазај го за пророк наместо себе; зашто кој ќе избега од Азаиловиот меч, него ќе го убие Јуј, а кој ќе се избави од мечот на Јуј, него ќе го убие Елисеј. Но сепак оставив меѓу Израелците седум илјади мажи; сите тие не ги свиткувале колената пред Ваал, и устите нивни не го бакнувале.“ И тој тргна оттаму и го најде Ша­фатовиот син Елисеј, кога ораше; дванаесет рала волови имаше тој пред себе, а самиот тој ораше со дванаесеттото. Минувајќи крај него, Илија го фрли кожувот врз него. Тогаш Елисеј ги остави воловите и почна да трча по Илија и рече: „Доз­воли ми да ги бакнам татко ми и мајка ми, и ќе тргнам по тебе.“ Тој му одго­вори: „Оди и врати се, зашто, што сум ти направил?“ Тој се врати од него, зеде рало во­лови, ги закла и, откако го запали плугот на воловите, го испече месото нивно и им го раздели на луѓето, и тие јадеа. А самиот тој стана и тргна по Илија и почна да му служи.