Илија му рече на Ахав: „Оди, јади и пиј, зашто се слуша шум од дожд.“ Ахав отиде да јаде и да пие, а Илија се искачи на врвот од Кармил, се наведна кон земјата, го стави лицето меѓу колениците свои и му рече на слугата свој: „Оди и погледни кон морето.“ Тој отиде, погледна и рече: „Ништо нема.“ Тој пак рече: „Направи го тоа седумпати.“ На седмиот пат слугата рече: „Ете од морето се крева мало облаче, колку човечка дланка.“ Тој му рече: „Оди, кажи му на Ахав: ‚впрегни ја колата своја и тргнувај за да не те испревари дождот.‘“ Во тоа време небото потемне од облаци и виор, и почна да паѓа силен дожд. Ахав тогаш седна во колата, и тргна за Јизреел.
Прочитај 1 Царевите 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Царевите 18:41-45
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа