Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 18:30-38

1 Царевите 18:30-38 MK2006

Тогаш Илија му рече на сиот народ: „Приближете се до мене.“ И сиот народ се приближи до него. Тој, пак, го подигна урнатиот жртвеник Господов. И зеде Илија дванаесет камења, токму колку што е бројот на племињата на синовите на Јаков, кому Господ му беше рекол вака: „Израел ќе биде твоето име.“ И изгради од тие камења жртвеник во името на Господ, а околу жртве­никот направи окоп што собираше две сеи зрна за да се посеат, и постави дрва врз жртвеникот, го расече телето, го стави врз дрвата, и рече: „Наполнете четири ведра вода и поливајте ја жртвата сепаленица и дрвата!“ И направија така. Потоа рече: „Повторете!“ И тие повторија. Тогаш рече: „Направете го тоа по третпат.“ И тие го направија и по третпат. И водата се разлеа околу жртве­никот, а окопот се наполни со вода. Кога ја принесуваа вечерната жртва, пророкот Илија се приближи, и рече: „Господи, Боже Авраамов, Иса­ков и Израелов! Чуј ме, Господи, чуј ме денес во огнот! Нека познаат денес овие луѓе дека си Ти единствен Бог во Из­раел, и дека јас сум Твој слуга и дека извршив сѐ според Твоето слово. Чуј ме, Господи, чуј! Нека познае овој народ дека Ти, Господи, си Бог и Ти ќе го свртиш срцето нивно.“ И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата, и дрвата, и камењата и земјата, и ја голтна водата што беше во окопот.