Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 18:1-8

1 Царевите 18:1-8 MK2006

Откако измина многу време, пак му рече Господ на Илија во третата година: „Оди и јави му се на Ахав, и јас ќе дадам дожд на земјата.“ Илија отиде да му се јави на Ахав. А во Самарија настапи голем глад. И Ахав го повика Авдија; управни­кот на дворецот. Авдија, пак, беше човек кој длабоко Го почитуваше Гос­пода. Кога Језавела ги истребуваше пророците Господови, Авдија зеде сто пророци и ги криеше во пештери, по пе­десет луѓе, и ги хранеше со леб и вода. И Ахав му рече на Авдија: „Тргни по земјата, по сите водни извори и по сите потоци во земјата, можеби некаде ќе најдеме трева за да си ги прехраниме коњите и маските и да не се лишиме од добитокот.“ И тие ја разделија меѓу себе земјата за да ја обиколат: Ахав тргна по еден пат, а Авдија по друг пат. Кога Авдија врвеше по патот, ете, во пресрет му доаѓа Илија. Тој го позна, падна ничкум и рече: „Ти ли си, господаре мој Илија?“ Овој му одговори: „Јас сум; оди и кажи му на господарот свој: ‚Илија е тука.‘“