Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 18

18
Илија задолжен да најави крај на сушата
1 # Ер 14,22 Откако измина многу време, пак му рече Господ на Илија во третата година: „Оди и јави му се на Ахав, и јас ќе дадам дожд на земјата.“ 2Илија отиде да му се јави на Ахав. А во Самарија настапи голем глад. 3И Ахав го повика Авдија; управни­кот на дворецот. Авдија, пак, беше човек кој длабоко Го почитуваше Гос­пода. 4#1 Мојс 19,30; Ис.Н. 10,16; Суд 6,2; 1 Сам 22,1; Ез 33,27; Откр 6,15Кога Језавела ги истребуваше пророците Господови, Авдија зеде сто пророци и ги криеше во пештери, по пе­десет луѓе, и ги хранеше со леб и вода. 5И Ахав му рече на Авдија: „Тргни по земјата, по сите водни извори и по сите потоци во земјата, можеби некаде ќе најдеме трева за да си ги прехраниме коњите и маските и да не се лишиме од добитокот.“ 6И тие ја разделија меѓу себе земјата за да ја обиколат: Ахав тргна по еден пат, а Авдија по друг пат. 7Кога Авдија врвеше по патот, ете, во пресрет му доаѓа Илија. Тој го позна, падна ничкум и рече: „Ти ли си, господаре мој Илија?“ 8Овој му одговори: „Јас сум; оди и кажи му на господарот свој: ‚Илија е тука.‘“ 9Тој рече: „Што сум виновен, па го предаваш својот слуга во рацете на Ахав за да ме убие?“ 10„Жив Господ, твојот Бог! Нема ниеден народ и царство, каде што не испраќал господарот мој да те бара; и кога му кажуваа дека те нема, тој земаше клетва од тоа царство и народ дека не можеле да те најдат; 11а ти сега велиш, оди и кажи му на господарот: Илија е тука. 12#2 Цар 2,16; Ез 3,12.14; Дела 8,39; 2 Кор; 12,2-4Кога јас ќе си отидам од тебе, Духот Господов ќе те однесе, не знам каде; и ако отидам да му јавам на Ахав, и тој не те најде, ќе ме убие; а слугата твој е богобојазлив од младини. 13Зарем не му е кажано на мојот господар што сторив јас, кога Језавела ги убиваше Господовите пророци, како криев сто Господови пророци, по педе­сет души во пештера, и ги хранев со леб и вода? 14А ти сега велиш: оди и кажи му на твојот господар: Илија е тука; тој ќе ме убие.“ 15Тогаш Илија му рече: „Ти се колнам во живиот Господ Саваот, пред Кого стојам, денес ќе му се јавам!“
Илија на средба со Ахав
16Авдија отиде да го пресретне Ахав и му јави, и Ахав отиде да го пресретне Илија. 17Штом Ахав го виде Илија, му рече: „Ти ли си оној што му носи неволји на Израел?“ 18#16,31-32Илија му одговори: „Јас не му донесувам неволји на Израел, туку ти и тат­ковиот дом твој, бидејќи ги презревте Господовите заповеди и врвите по Вааловците; 19#16,31сега испрати и собери го пред мене сиот Израел на гората Кармил, и че­тиристотините и педесет Ваалови пророци и четирите стотини пророци на божицата Ашера што се хранат од тр­пезата на Језавела.“
Илија и пророците на Ваал на гората Кармил
20И Ахав испрати до сите Израелови синови и ги собра сите пророци на гората Кармил. 21Тогаш Илија пристапи кон сиот народ и рече: „Уште ли ќе куцате на двете колена? Ако Господ е Бог, врвете по Него; ако пак е Ваал – одете по него.“ А народот не му одговори ни збор. 22И му рече Илија на народот: „Само јас останав пророк Господов, а Ваалови пророци има четиристотини и педесет. 23Нека ни дадат две телиња и нека си изберат едно теле, и да го расечат и стават врз дрва, но оган да не потпалуваат; јас, пак, ќе го приготвам другото теле и ќе го ставам врз дрва, и оган нема да потпалувам; 24тогаш повикајте го името на ва­шиот бог, јас, пак, ќе го повикам името на Господ, мојот Бог. Оној Бог, Кој ќе одговори преку оган, Тој е Бог.“ И сиот народ одговори и рече: „Добро, нека биде така!“ 25Потоа им рече Илија на Вааловите пророци: „Изберете си едно теле и пригответе го вие најнапред, бидејќи сте многу; и повикајте го името на вашиот бог, и оган не потпалувајте.“ 26И ете, го зедоа телето што им беше дадено, го приготвија и го повикуваа името на Ваал од утрината до пладне, велејќи: „Ваале, слушни нѐ!“ Но не­маше ни глас, ни одговор. И тие скокаа пред жртвеникот што го беа направиле. 27Попладнето Илија почна да им се потсмева и велеше: „Викајте посилно, зашто тој е бог; можеби се замислил, или е зафатен со нешто, или е на пат, а можеби и спие, – така ќе се разбуди!“ 28И тие почнаа да викаат високо и според обичајот свој да се бодат со ножеви и копја, така што крв течеше од нив. 29Мина пладне, а тие сѐ уште беснееја токму до вечерното принесување на жртва; но не се слушна никаков глас, ниту одговор, или одек. 30Тогаш Илија му рече на сиот народ: „Приближете се до мене.“ И сиот народ се приближи до него. Тој, пак, го подигна урнатиот жртвеник Господов. 31#1 Мојс 32,29; 35,10; 2 Мојс 24,4; Ис.Н. 4,3-5; 4,20-24И зеде Илија дванаесет камења, токму колку што е бројот на племињата на синовите на Јаков, кому Господ му беше рекол вака: „Израел ќе биде твоето име.“ 32И изгради од тие камења жртвеник во името на Господ, а околу жртве­никот направи окоп што собираше две сеи зрна за да се посеат, 33#3 Мојс 1,6-8и постави дрва врз жртвеникот, го расече телето, го стави врз дрвата, 34и рече: „Наполнете четири ведра вода и поливајте ја жртвата сепаленица и дрвата!“ И направија така. Потоа рече: „Повторете!“ И тие повторија. Тогаш рече: „Направете го тоа по третпат.“ И тие го направија и по третпат. 35И водата се разлеа околу жртве­никот, а окопот се наполни со вода. 36#2 Мојс 3,6; 3 Мојс 26,42; Дан 9,21; Мт 22,32Кога ја принесуваа вечерната жртва, пророкот Илија се приближи, и рече: „Господи, Боже Авраамов, Иса­ков и Израелов! Чуј ме, Господи, чуј ме денес во огнот! Нека познаат денес овие луѓе дека си Ти единствен Бог во Из­раел, и дека јас сум Твој слуга и дека извршив сѐ според Твоето слово. 37Чуј ме, Господи, чуј! Нека познае овој народ дека Ти, Господи, си Бог и Ти ќе го свртиш срцето нивно.“ 38#3 Мојс 9,24; Суд 6,21И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата, и дрвата, и камењата и земјата, и ја голтна водата што беше во окопот. 39Кога го виде тоа, сиот народ падна ничкум и рече: „Господ е Бог, Господ е Бог!“ 40Тогаш Илија им рече: „Фатете ги Вааловите пророци, та ниеден од нив да не се сокрие.“ Ги фатија, а Илија ги одведе кај потокот Кишон и таму ги закла.
Дождот повторно доаѓа
41Илија му рече на Ахав: „Оди, јади и пиј, зашто се слуша шум од дожд.“ 42#Јк 5,18Ахав отиде да јаде и да пие, а Илија се искачи на врвот од Кармил, се наведна кон земјата, го стави лицето меѓу колениците свои 43и му рече на слугата свој: „Оди и погледни кон морето.“ Тој отиде, по­гледна и рече: „Ништо нема.“ Тој пак рече: „Направи го тоа седумпати.“ 44На седмиот пат слугата рече: „Ете од морето се крева мало облаче, колку човечка дланка.“ Тој му рече: „Оди, ка­жи му на Ахав: ‚впрегни ја колата своја и тргнувај за да не те испревари дож­дот.‘“ 45Во тоа време небото потемне од облаци и виор, и почна да паѓа силен дожд. Ахав тогаш седна во колата, и тргна за Јизреел. 46А раката Господова беше врз Или­ја. Тој го препаша крстот свој и трчаше пред Ахав дури до Јизреел.

Селектирано:

1 Царевите 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се