Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 17:17-24

1 Царевите 17:17-24 MK2006

Потоа се разболе синот на таа же­на, на домаќинката, и болеста негова беше толку силна што не можеше да дише. Тогаш таа му рече на Илија: „Што имаш ти со мене, човеку Божји? Си дошол да ми ги наспомниш моите гре­вови и да го умреш синот мој.“ А тој ѝ одговори: „Дај ми го синот твој.“ И го зеде од рацете нејзини, го однесе во горната соба, каде што жи­вееше и го положи на леглото свое; па повика кон Господ и рече: „Господи, Боже мој! Зар Ти на вдовицата, кај која живеам, ќе ѝ направиш зло, погубувајќи ѝ го синот нејзин?“ И откако се спружи трипати над момчето, извика кон Господ и рече: „Господи, Боже мој! Нека се врати душата на ова момче во него!“ И Господ го слушна гласот на Или­ја, му ја врати душата на момчето во него, и тоа оживе. Илија го зеде момчето, го симна од горната соба во домот, ѝ го предаде на мајка му и рече: „Еве, син ти е жив!“ Тогаш жената му рече на Илија: „Сега навистина дознав дека ти си Божји човек, и дека словото Господово во твојата уста е вистинско.“