Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 17:1-9

1 Царевите 17:1-9 MK2006

И пророкот Илија, тишбеец од галаадските жители, му рече на Ахав: „Се колнам во живиот Господ, Бог Израелов, пред Кого стојам! Во овие години нема да има ниту роса, ниту дожд, освен според мојот збор.“ И потоа словото Господово дојде до Илија и му рече: „Тргни се оттука, сврти се кон исток и сокриј се кај потокот Керит, кој е спроти Јордан; од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму.“ И тој замина и постапи според сло­вото Господово; отиде и остана кај по­токот Керит, кој е спроти Јордан. И гавраните му носеа леб и месо на­утро, леб и месо навечер; а пиеше од потокот. По извесно време потокот пресуши, бидејќи немаше дожд по целата земја. Тогаш Господ му рече: „Стани, оди во Сарепта кај Сидон и остани таму. Јас ѝ заповедав таму на една жена вдовица да те храни.“