Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 13:18-25

1 Царевите 13:18-25 MK2006

Тој му рече: „И јас сум таков пророк како тебе и ангелот ми говореше преку словото Господово и рече: ‚врати го во домот свој; нека касне леб и нека пие вода.‘“ Но тој го излага. И оној се врати со него, касна леб во куќата негова и се напи вода. Кога тие уште седеа на трпезата, дојде словото Господово кон пророкот што го беше вратил. И тој изговори кон Божјиот човек што беше дошол од Јудеја и рече: „Вака вели Господ: ‚затоа што не се покори на устата Господова и не ја запази заповедта што ти ја беше дал Господ, Бог твој, туку се врати, јадеше леб и пиеше вода на ова место, за кое Тој ти беше рекол – не јади леб и не пиј вода, телото твое нема да влезе во гробницата на татковците твои.‘“ Откако тој јадеше леб и се напи вода, тој го оседла магарето за пророкот што го беше вратил. И тој си замина. На патот го сретна лав и го умртви. Телото му лежеше испружено на патот; магарето, пак, стоеше до него, а лавот стоеше до телото. И ете, минувачите го видоа телото, испружено на патот, и лавот како стои до телото; и отидоа, та раскажаа во гра­дот, во кој живееше пророкот – старец.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 Царевите 13:18-25

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност