Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 12:8-19

1 Царевите 12:8-19 MK2006

Но тој не го послуша советот што му го беа дале старците, и се советуваше со младите, кои беа пораснале заедно со него и кои беа кај него, и им рече: „Што ќе ме посоветувате да им одговорам на оние луѓе што ми рекоа и кажаа: ‚олесни ни го јаремот што ни го наложи татко ти?‘“ Младите, пораснати заедно со него, му одговорија и рекоа: „Вака кажи им на тие луѓе што ти рекле: ‚твојот татко ни наложи тежок јарем, ти, пак, олесни ни,‘ кажи им: ‚малиот прст ми е поде­бел од бедрата на татко ми; и така, ако татко ми ви ставил те­жок јарем, јас уште повеќе ќе го натеж­нам вашиот јарем; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ќе ве казнувам со камшици со железни боцки.‘“ Јеровоам, и сите луѓе, дојдоа кај Ровоам на третиот ден, како што им бе­ше заповедал царот, велејќи: „Дојдете кај мене на третиот ден.“ И царот грубо му одговори на на­родот и не го послуша советот што му го беа дале старците. И говореше според советот на младите и рече: „Татко ми ви наложил те­жок товар, јас, пак, ќе го зголемам вашиот товар; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ќе ве казнувам со камшик со железни боцки.“ И царот не го послуша народот, за­што така беше судено од Господ за да се исполни зборот Негов што го беше изрекол Господ преку Ахија Силомецот на Наватовиот син Јеровоам. И сите Израелци видоа дека царот не ги послуша. Тогаш луѓето му одго­ворија на царот и рекоа: „Каков дел имаме кај Давид? За нас нема дел кај синот на Јесеј; по шаторите свои, Израеле! Гледај си го својот дом, Дави­де!“ И Израел се разотиде по шаторите свои. Ровоам царуваше само над Израе­ловите синови што живееја во Јудините градови. И царот Ровоам го испрати Хадорам, управникот над даноците; но сите Израелци го затрупаа со камења, и тој умре, а царот Ровоам брзо се качи во кола за да избега во Ерусалим. И така Израел се одметна од Дави­довиот дом и до денес.