Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 3

3
Божји чеда
1 # Јн 1,12; 16,3; 17,25; Рим 8,16; 1 Кор 1,21; Гал 4,4-5; Ефес 1,5 Гледајте колку голема љубов ни дал Отецот – да бидеме наречени чеда Божји, а тоа и сме! Затоа светот не нѐ знае, зашто не Го спозна Него. 2#2,8; Јн 17,24; Рим 8,29; Фил 3,21; Кол 3,4; Откр 22,4Возљубени, сега сме чеда Божји! Но уште не се покажа што ќе бидеме. Знаеме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е. 3#2,6; 2 Кор 7,1И секој што ја има таа надеж во Не­го, се очистува самиот себе, како што е чист Тој. 4Секој што прави грев, прави и беззаконие; и гревот е беззаконие. 5#Ис 53,4.5.9; Јн 1,29; 8,46; 9,16.24.31; Евр 7,26; 9,26; 1 Птр 2,22-24А знаете дека Тој се јави за да ги зе­ме нашите гревови; а грев во Него не­ма. 6#Мт 7,18; Рим 6,14.17-18Секој, кој пребива во Него, не гре­ши; секој што греши, не Го видел, ниту Го познал. 7#2,29; 3,10Чеда, никој да не ве заблудува! Кој постапува праведно, праведен е, како што е праведен Тој. 8#3,12; 1 Мојс 3,15; Мк 1,24; Јн 8,34.44; 12,31Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски. 9#3,6Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто семето Негово пребива во него; и не може да греши, бидејќи е ро­ден од Бога. 10#2,29; 3,23Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој што не пос­та­пува праведно, и секој што не го љуби братот свој, не е од Бога.
Да се љубиме еден со друг
11 # 2,7; 3,23; Јн 13,34 Зашто тоа е пораката што ја чувте од почетокот – да се сакаме еден со друг. 12#1 Мојс 4,8; Јн 8,44; Евр 11,4Но не како Каин, кој беше од лукавиот и го уби брата си. А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа лоши, а на неговиот брат – праведни. 13#Мт 24,9; Лк 6,22; Јн 15,18-21Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази. 14#Јн 5,24Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме бра­ќата свои; оној што не го љуби братот свој, тој останува во смртта. 15#Мт 5,21-22; Јн 8,44Секој што го мрази братот свој, е човекоубиец; и познато ви е дека ниеден човекоубиец нема живот вечен, што ќе остане во него. 16#4,16; Мт 20,28; Јн 15,13Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас душата Своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата. 17#5 Мојс 15,7.11; Лк 10,33; Јк 2,15-16Ако некој има световни блага, па кога ќе го види својот брат во не­маш­ти­ја, та го затвори срцето свое од него – како тогаш ќе може да остане во таков Божјата љубов? 18#Мт 7,21; Гал 5,6; Јк 1,22; 2,14-17Чеда мои, да не се сакаме со зборо­ви или со јазик, туку со дела и вистина!
Увереност пред Бога
19 # Изреки 10,12; Евр 4,16; 1 Птр 4,8 И по тоа ќе знаеме дека сме од вис­тината, и пред Него ќе го увериме своето срце; 20#4,4; 1 Цар 8,39; Пс 7,9; Лк 18,13; Дела 15,8бидејќи, ако срцето наше нѐ осуди, Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ. 21#5,14; Евр 4,16Возљубени, кога нашето срце не нѐ осудува, тогаш ние имаме слобода пред Бога, 22#Ер 29,12-13; Мт 7,7-8; Јн 8,29; 15,7и, што и да побараме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите за­по­веди и правиме што е благоугодно пред Него. 23#4,21; Јн 6,29; 13,34; 15,12; Рим 10,14; 1 Сол 4,9; 1 Птр 1,22А заповедта Негова е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. 24#2,24; 4,13; Јн 14,23; Рим 8,9И оној, што ги чува заповедите Не­гови, пребива во Него, и Тој – во него. А дека Тој пребива во нас, знаеме по Ду­хот што ни Го дал.

Селектирано:

1 Јован 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност